Почна 10. коло на Лигата на шампионите. Распоред и сатница

29.11.2017 22:44
19264516_10154860153418666_4777006863536695234_o

Денеска почна 10. коло на групната фаза на Лигата на шампионите, кое е и последно во 2017-та година. Одиграни се две средби, а во едната од нив се случи вистинска сензација – тимот на ППД Загреб, предводен од новиот тренер Златко Сарачевиќ, ја извојува својата прва победа и тоа против екипата на Р.Н.Левен. Со овој пораз Левен драстично си ги намали шансите за освојување на првото место во групата и сега шансите му се повеќе теоретски отколку реални. Во вториот денешен натпревар, во германската пресметка Кил славеше на гостувањето кај Фленсбург. Ова е трета едноподруго победа на Кил, кој со шесте новоосвоени бодови се проби на делбата на третото место.

За Металург ова коло е и последно во тековната сезона 2017/18. Гостуваме во Лисабон кај екипата на Спортинг, која во Скопје ја совладавме со резултат 28:27 (17:13).

.

Распоред и сатница:

29.11.2017 г., 19.00 ч.:  ППД Загреб – Р.Н.Левен  (А)  30:26 (17:13)

29.11.2017 г., 19.30 ч.:  Фленсбург – Кил  (Б)  30:33 (15:16)

30.11.2017 г., 20.15 ч.:  Кадетен Шафхаузен – Динамо Букурешт  (Ц)

02.12.2017 г., 16.00 ч.:  Пик Сегед – Висла Плоцк  (А)

02.12.2017 г., 17.30 ч.:  Вардар – Кристијанштад  (А)

02.12.2017 г., 17.30 ч.:  ПСЖ – Алборг  (Б)

02.12.2017 г., 18.00 ч.:  Веспрем – Киелце  (Б)

02.12.2017 г., 18.15 ч.:  Мешков Брест – Цеље ПЛ  (Б)

02.12.2017 г., 20.00 ч.:  Спортинг Лисабон – Металург  (Д)

02.12.2017 г., 20.45 ч.:  Нант – Барселона  (А)

03.12.2017 г., 16.00 ч.:  Скјерн – Горење Велење  (Ц)

03.12.2017 г., 16.00 ч.:  Мотор Запорожје – Монпелје  (Д)

03.12.2017 г., 16.00 ч.:  Бешикташ – Чеховски Медведи  (Д)

03.12.2017 г., 17.00 ч.:  Елверум – Адемар Леон  (Ц)

 

Прочитано 983 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + 9 =