Топ Вести

Почна седмата сезона на СЕХА-лигата. Први резултати

30.08.2017 21:39
seha

Со трите денешни натпревари почна седмата сезона на регионалната СЕХА-лига, натпреварување во кое учествуваат клубови од шест земји: Македонија, Хрватска, Србија, Словенија, Словачка и Белорусија.

И оваа сезона ќе се натпреваруваат 10 екипи, а новина е враќањето на српските клубови, но и заминувањето на Веспрем, што значително го намали квалитетот на лигата.

 

Двојки во првото коло:

Татран Прешов – Брест Мешков

Војводина – Динамо Панчево

Горење Велење – Цеље П.Л.

Загреб – Нексе

Металург – Вардар

 

Веќе ги имаме и првите резултати, па и првата сензација, бидејќи екипата на Татран Прешов извјува победа во мечот против еден од фаворитите во лигата, екипата на Брест Мешков.

 

Денешни резултати:

Татран Прешов – Брест Мешков  24:23 (11:11)

Војводина – Динамо Панчево  24:29 (16:16)

Горење Велење – Цеље П.Л.  22:25 (12:12)

 

Средбата меѓу Металург и Вардар ќе се игра в сабота, со почеток во 17.45 часот.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 5 =