Топ Вести

Пораз на Металург 2 во Велес

15.11.2017 22:59
10122016_DSC0769_resize

Металург 2 загуби на гостувањето во Велес. Ракометарите на Борец беа подобриот тим и не совладаа со резултат 38:32 (19:17).

Металург 2 на оваа средба настапи десеткуван, поради отсуството на Томовски, Танкоски, Серафимов, Палевски и Арсеновски, кои се дел од составот на Металург на гостувањата во Белорусија и во Турција. Тоа секако се одрази на играта на нашиот млад тим, кој сепак беше рамноправен во најголемиот дел од денешната средба со Борец. Првото полувреме домаќинот го доби со предност од два гола, а својата разлика, која на крајот и го реши натпреварот, Борец ја направи во првите минути од вториот дел, кога успеа да направи серија од 4:0, за 23:17. Се до крајот се играше рамноправно, па разликата остана на тие постигнати 6 гола.

.

Борец – Металург 2  38:32 (19:17)

ГРК Борец: Димовски, Стојановски, Павловски 4, Јаневски 1, Игнов 1, Колев, Смилев, Органџиев 4, Николов 7, Солев, Ордев 7, Илиев 14, Минов и Лазаревски.   Седмерци: 3/5.    Исклучувања: 8 минути.

Металург 2: Лазаревски 2, Смилевски, Гајиќ 4, Мелоски 4, Младеновиќ 2, Димитриоски 7, Гошевски 4, Кондев 2, Василевски, Лембанов 1, Шилегов 5, Ристовски 1, Трајковски, Божиновски, Даниловски и Митиќ.   Седмерци: 5/7.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески.

Делегат: Драган Начевски.

Прочитано 400 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + 3 =