Топ Вести

Пораз на Металург во Лисабон

02.12.2017 23:29
GIL_8792_resize_resize

Металург со пораз го заврши натпреварувањето во Лигата на шампионите во сезона 2017/18. Подобра од нас денеска беше екипата на Спортинг, која не совлада со резултат 31:27 (12:15).

Видовме натпревар во кој двете екипи имаа периоди на добра игра, кои ги крунисаа со поголеми серии, но и периоди на длабоки кризи, кога дозволуваа противникот да постигне поголем број голови во низа. Подебелиот крај го извлече Металург, кој последен влезе во кризна состојба и не успеа да се извлече.

Металург неоспорно беше подобриот тим во првото полувреме. Лесно поведовме со 1:5, уште во 10. минута, но подоцна исто така лесно и ја испуштивме високата предност, па му дозволивме на Спортинг да поведе со 11:9. Сепак, првото полувреме го добивме со убедливи 12:15. Во првите 30 минути игравме одлично во одбраната, со мал број на технички грешки, а релативно сигурно игравме и во нападот.

Затоа, пак, второто полувреме мина во хаотична игра на двата тима, со слаби одбрани и неуспешни напади. Ракометарите на Металург очигледно ја загубија свежината, па изредија цела низа на технички грешки, нереализирани напади и лесно примени голови при неформирана одбрана. Спортинг подобро се снајде во таа трка по теренот, па дојде до предност која Металург веќе немаше сили, па и време, да ја достигне.

.

Спортинг – Металург  31:27 (12:15)

Спортинг Лисабон: Араујо 1, Бјелановиќ, Боргес 1, Божовиќ 1, Карнеиро 2, Карол Марзо 6, Чудиќ, Гаспар, Копчо 2, Никчевиќ 2, Портела 6, Роча, Руезга Пасарин 7, Солха 2, Таварес и Веитија Валдез 1.    Седмерци: 0/0.    Исклучувања: 10 минути.

Металург:  Арсиќ, Томовски, Анџелиќ 3, Арсеновски 1, Димитриевски 1, Гуглета 1, Илиќ 6, Јагањац 3, Кузмановски 5, Палевски, Пешевски 1, Петров, Токиќ 3 и Велковски 3.    Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 14 минути.

Судии: Ференц Бониферт и Виктор Олах од Унгарија.

Делегат: Хенрик Макинен од Шведска

Прочитано 1 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + 2 =