Топ Вести

ПОРАЗ НА МЕТАЛУРГ

03.09.2010 23:27
17782_458930027451526_1144616643_o_resize

Во првото коло на квалификациониот турнир во Порто, Металург е поразен од Динамо Минск со резултат 21:27, полувреме 10:12. Во напнат,и до пред крај неизвесен натпревар, Металург не успеа да дојде до посакуваниот успех. Динамо Минск поведе на почетокот со 3:0, и своето водство не го испушти до самиот крај. Металург успеа, само двапати, да го израмни резултатот, првпат при 8:8 (21 мин.), вторпат при 10:10 (27 мин.). При крај на натпреварот попушти концентрацијата кај нашите ракометари, па Динамо на моменти водеше и со 7 гола разлика.

За Металург најпрецизни беа: Мојсовски Наумче со 6, Ракчевивиќ Младен 4 и Левов Милан со 3 гола.

За Динамо Минск најмногу погодоци постигна Онифриенко Сергеј (6), додека Атман Павел и Рутенка Джанис дадоа по 5 гола.

Во првиот денешен меч домакинот Порто го совлада Запорожје со резултат 20:27 (9:14).

Утре Металург игра со Порто. Натпреварот е закажан со почеток во 16:00. Потсетуваме дека на www.andystat.com можете во живо да ги следете промените на резултатите во текот на сите натпревари во Порто.

Прочитано 475 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − 3 =