Топ Вести

ПОРАЗ ВО ИГРА БEЗ МОТИВ

05.09.2010 18:21
ljambe magareto.

Во третото коло на квалификациониот турнир во Порто, екипата на Металург е поразена од Запорожје со резултат 23:25, полувреме 12:15. Во натпревар, без натпреварувачко значење, Запорожје сепак полесно ги преболе неуспесите од претходните кола, и забележа тесна победа.

Натпреварот е решен во период од  11 до 26 минута на првото полувреме, кога Металург промаши три пенала и имаше 4 исклучувања, што го искористи противникот и со серија од 8:1 дојде до највисоко водство, 6:13. Со своја контрасерија од 6.2 , Металург стигна до 12:15 што е и резултат на полувремето. Второто полувреме помина во целосно изедначена игра во која Запорожје успеа да ја сочува стекнатата предност.

Пенали:     Металург  0/4 – Запорожје 4/5

Исклучувања:    Металург  9  –  Запорожје 5

За Металург,  Миркуловски Филип даде 5, Левов Милан 4, а Стевче Алушевски 3 гола.

Кај Запорожје се истакна Стетсјура Микола со 9 постигнати гола.

Пласман во главната група во Л.Ш. обезбеди Динамо Минск кој во вториот денешен натпревар играше нерешено со Порто, 23:23 (13:10). Во последните секунди од мечот Порто, со играч повеке, го извади голманот, воведе маркер и со 6 играчи на поле сепак не успеа да поентира.

Прочитано 532 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 5 = 3