Топ Вести

Познат е терминот за средбата Вардар – Металург

08.05.2017 20:09
MJI_3241_resize

Средбата од 6. плејоф-коло меѓу екипите на Вардар и на Металург, која ќе се игра во СЦ “Јане Сандански“ на 11 мај, е закажана со почеток во 19 часот.

Оваа средба најверојатно ќе биде решавачка кога е во прашање шампионската титула во првенството на Македонија, а Металург има капитал од три гола стекнат на натпреварот од првото коло, кој се одигра во Автокоманда и кој заврши со резултат 29:26 во наша полза.

Преносот од средбата Вардар – Металург директно ќе го пренесува телевизија Телма.

Прочитано 3.926 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + = 7