Топ Вести

ПОЗНАТИ ПРОТИВНИЦИТЕ НА РК МЕТАЛУРГ И ЖРК МЕТАЛУРГ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА Л.Ш.

27.06.2011 20:15
zdrepka_ehf_resize

Во Виена се извлечени квалификационите групи за влез во групното натпреварување во Л.Ш.

РК Металург е извлечен во третата група:

1. Металург – Македонија

2. Хафнарфјордур – Исланд

3. Хаслум – Норвешка

                                                             4. Макаби – Израел

                                                             Полуфиналните парови се:

                                                             Металург – Макаби                   3 септември

                                                             Хафнарфјордур – Хаслум          3 септември

Победниците од полуфиналните средби ќе се пласираат во финале ( 4 септември) и, во меѓусебен дуел, ќе го дадат учесникот за групната фаза на Л.Ш. Домакин на квалификациониот турнир е екипата на Макаби, а, ако евентуално се откажат, втор избор е Металург.

———————————————————————————————————————————————————–

Ристо Чокрев: Добивме противници по мерка. Без желба да ги потценам претставниците на Израел, Исланд и Норвешка, сметам дека можеме да го освоиме првото место во групата и да се пласираме во Л.Ш. Со ниту еден од претстојните противници не сме се среќавале ниту имаме информации за нивната реална сила. На 20 јули е првиот собир на екипата и ќе направиме се за да бидеме максимално спремни за претстојниот квалификационен турнир.

————————————————————————————————————————————————————-

ЖРК Металург е извлечена во втората група:

1. Бјасен – Норвешка

2. Елда – Шпанија

3. Металург – Македонија

4. Второпласираниот од претквалификационата група “Б“

Полуфиналните парови се:

Металург – Елда                      17 септември

Бјасен – Квалификант              17 септември

Победниците, во меѓусебен дуел (18 септември) ќе го одредат патникот во Л.Ш.

Домакин на овој квалификационен турнир е нашата екипа. Значи, втора година, по ред, ќе гледаме квалификации во Автокоманда.

———————————————————————————————————————————————————–

Крсто Петрушевски:  Добивме тешки противници од земји чии претставници играа на последното финале во Л.Ш. Домашниот терен е наша голема предност и ќе направиме се за да се пласираме во Л.Ш. Имајќи го во предвид поразот на нашата репрезентација од селекцијата на Шпанија, ја посакував токму екипата од таа земја. Тимот на Елда има силен состав, меѓутоа и ЖРК Металург не е истата екипа од лани. Ако го пројдеме полуфиналето тогаш најверојатно ќе се сретнеме со нашиот должник од ланските квалификации, екипата на Бјасен. Мислам дека сме на прагот на еден историски успех, по само две години од постоењето да играме во групната фаза на најеминентното европско натпреварување.

Прочитано 790 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 8 =