Топ Вести

ПОЗНАТИ СЕ СИТЕ ОСМИНАФИЛИСТИ ВО ЛШ И СОСТАВОТ НА БАРАБАНИТЕ ЗА ОСМИНАФИНАЛНАТА ФАЗА

23.02.2015 19:20
zdrepka_ehf_resize

za tekst

По одигрувањето на последното коло во Лигата на шампионите, станаа познати сите 16-ет осминафиналисти, кои поделени во четири барабана ќе ги формираат осум осминафиналните двојки, по формат 1-4 и 2-3. При формирањето на двојките важи правилото според кое не може да се добие за противник екипа која доаѓа од истата група од групната фаза.

Вардар, како единствен претставник од Македонија, за противник ќе има една од следните три екипи: ППД Загреб, Висла Плоцк или Данкерк.

Барабан 1 Кил Барселона Веспрем Киелце
Барабан 2 ПСЖ КИФ Колдинг Вардар Пик Сегед
Барабан 3 ППД Загреб Висла Плоцк Р.Н.Ловен Данкерк
Барабан 4 Натурхаус Фленсбург Монпелје Алборг

Ждрепката на Велукс EХФ Лигата на шампионите ќе се влече во вторник во Виена, со почеток во 12.30 часот. Првите осминафинални натпревари ќе се играат во период од 11 до 15 март, додека реванш-средбите се планирани во период од 18 до 22 март. Првопласираните и второпласираните екипи во своите дуели ќе ја имаат предноста да бидат домаќини на реванш-средбите.

Прочитано 4.613 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + 8 =