Топ Вести

Познати се составите на Чеховски Медведи и на Металург за денешната средба

14.10.2017 09:02
GIL_8873_resize_resize

Денеска, со почеток во 15 часот по македонско време, ќе се одигра натпревар од 5. коло на групната фаза на Лигата на шампионите, во кој Металург во Чехово му гостува на рускиот шампион Чеховски Медведи.

Средбата се игра во спортскиот комплекс “Олимписки“ во Чехово, со капацитет од 3000 места, а натпреварот ќе го судат судиите од Норвешка, Ларс Јорум и Хавард Клевен, додека делегат ќе биде Тадас Јонсонас од Литванија.

.

Веќе се познати и составите со кои двете екипи ќе го одиграат овој натпревар:

Чеховски Медведи: Андреев, Болотин, Џемин, Фуртцов, Грушко, Карлов, Корнев, А. Котов, К.Котов, Куретков, Маслеников, Осташченко, Павленко, Санталов, Шарков и Василев.

Металург: Арсиќ, Томовски, Анџелиќ, Арсеновски, Димитриевски, Гуглета, Илиќ, Јагањац, Палевски, Пешевски, Петров, Серафимов, Танкоски, Токиќ и Велковски.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + = 16