Топ Вести

Познати се составите на Металург и на Монпелје за денешната средба. Металург со една измена

12.11.2017 11:35
10112016GIL_3999_resize

Вечерва, со почеток во 19 часот, во ВИП арената СЦ “Борис Трајковски“ ќе се одигра средбата од 7. коло на групната фаза на Лигата на шампионите, меѓу екипите на Металург и на Монпелје.

Монпелје засега е најуспешната екипа во сите групи во Лигата на шампионите и е единствена која забележа шест победи во изминатите шест кола.

Веќе се познати составите со кои двата тима ќе ја одиграат оваа средба, а кај Металург има само една измена во однос на составот кој го одигра натпреварот со Чеховски Медведи. Имено, место Филип Арсеновски на овој меч во Лигата на шампионите ќе дебитира младиот Милан Лазаревски, кој игра на пикерската позиција.

.

Состави:

Металург: Арсиќ, Томовски, Анџелиќ, Димитриевски, Гуглета, Илиќ, Јагањац, Кузмановски, Лазаревски, Палевски, Пешевски, Петров, Серафимов, Танкоски, Токиќ и Велковски.

Монпелје: Афгур, Бинго, Бонефонд, Каусе, Фаустин, Жерард, Гигу, Кафтичник, Порт, Портнер, Ричардсон, Соуси, Туми и Трушановичиус.

Судии: Хавиер Алварез Мата и Јон Бустаманте Лопез од Шпанија.

Делегат: Алин-Сергиу Кирлигеану од Романија.

Прочитано 1 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − = 1