Топ Вести

Познати се составите на Металург и на Спортинг. Металург со четири измени

30.09.2017 11:43
GIL_7625_resize_resize

Познати се составите на Металург и на Спортинг Лисабон за денешната средба од третото коло на Лигата на шампионите. Металург на оваа средба ќе настапи во променет состав во однос на оној со кој настапи на средбата со Бешикташ. Место Томовски на Арсиќ ќе му помага Даниловски, место Петров во составот е Арсеновски, на десното крило место Гуглета е младиот Шилегов, а на местото на Лапајне во составот ќе биде младиот Серафимов.

Металург: Арсиќ, Даниловски, Анџелиќ, Арсеновски, Димитриевски, Дрогришки, Илиќ, Јагањац, Кузмановски, Палевски, Пешевски, Серафимов, Шилегов, Танкоски, Токиќ и Велковски.

Спортинг: Араујо, Бјелановиќ, Боргес, Божовиќ, Карнеиро, Карол Марзо, Чудиќ, Б.Гаспар, М.Гаспар, Копчо, Никчевиќ, Портела, Роча, Руезга, Таварес и Виетија Валдез.

Судии на средбата ќе бидат Молдавците Игор и Алексеј Ковалчук, додека делегат ќе биде Црногорецот Предраг Павичевиќ.

Средбата почнува во 17.30 часот.

Прочитано 1 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − = 2