Топ Вести

Претседателот Ѓорѓе Иванов ги прими ракометарите на јуниорската репрезентација

01.08.2017 16:41
mkd-333550

Членовите на јуниорската репрезентација на Македонија, кои се вратија во Скопје, денеска имаа прием кај претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, кој им го честиташе големиот успех.

Очекувам исто како и вашите постари колеги да продолжите со добри резултати за да се радуваме на сите ваши успеси, како во Европа, така и во светот. Многу сме горди на вас и посакуваме да имате исти успеси. Вие сте млади луѓе и пред вас стои извонредна спортска кариера“ – им порача претседателот Иванов.

Селекторот Илија Темелковски се заблагодари за приемот и рече дека е големо задоволство да се биде шести во светот и да се постигне еден од најголемите успеси во македонскиот екипен спорт.

“Го постигнавме можеби најголемиот успех во колективниот спорт во Македонија и влеговме во самиот врв на светскиот ракомет. Зад себе оставивме големи репрезентации, кои се светски велесили. Момците одиграа со срце, имавме тешки натпревари и заслужено сме онаму каде што сме. Мислам дека ќе продолжиме да се афирмираме преку младата репрезентација и дека ќе има уште вакви успеси“, рече Темелковски.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 6 =