Топ Вести

ПРИЛЕП НЕМОЌЕН ПРЕД СИЛАТА НА МЕТАЛУРГ

22.05.2015 21:35
FLP_5395_resize

za tekst

Металург без посебен напор дојде до победа против тимот на Прилеп, откако беше подобар во текот на сите 60 минути од  денешната средбата.

Само десет минути траеше отпорот на гостинскиот тим, пред да се разиграат нашите ракометари, Во 14. минута првпат поведовме со два гола разлика, 6:4, а во 23. вминута и со пет гола, 10:5. Полувремето заврши со резултат 14:8.

Во второто полувреме Металург продолжи со бројните напади на голот на Прилеп, а нашата предност полека почна да се зголемува. Во 38. минута водевме со резултат 18:10, а во 46. минута за првпат и со +10, 22:12. Најголема предност имавме во 52. минута кога беше 26:15. Конечниот резултат е 30:20.

Металург – Прилеп 30:20 (14:8)

Металург: Митревски, Ефендиќ, Голубовиќ 3, Ојлески 6, Бој.Маџовски 2, Костески 5, Манасков 2, Бувиниќ 1, Кукоски, Крстевски, Борј.Маџовски 2, Талески 2, Војводиќ, Пешевски, Џукиќ 7 и Вргоч.     Седмерци: 4/4.   Исклучувања: 4 минути.

Прилеп: Михајески, Диитриоски, Тодоровски, Митревски, Ѓорѓиевски 1, Петковски 4, Цветковски 1, Спасевски 3, Бозаровски 7, Велевски, Ангеловски 2, Трајковски, Божиновски, Талески 1 и Јанески 1.   Седмерци: 2/2.   Исклучувања: 4 минути.

Судии: Митревски Димитар и Тодоровски Благојче од Битола.

Делегат: Николовски Аце од Скопје.

Прочитано 1.289 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 − 1 =