Топ Вести

Програма на завршниот викенд во лигата на Металург и прослава на најуспешната сезона во младите категории

03.06.2016 18:53
MJI_9201_resize_resize

Со одржување на финалните натпревари во сите старосни категории во машка и во женска конкуренција, овој викенд ќе означи крај на успешно организираната Лига и мини-лига на Металург, кои оваа сезона за првпат ги опфатија сите наши школи ширум Македонија. На финалните средби ќе настапат по две најдобри екипи од Лигата во Скопје и по една од Лигата Исток и Лигата Запад, во секоја старосна категорија, во машка и во женска конкуренција.

Но, овој настан ќе биде комплетиран и со прославата на најуспешната сезона во историјата на клубот, кога се работи за младите категории во првенствата на Македонија, бидејќи Металург е шампион на Македонија во пионерска (нашата школа Јуниор од Струга), кадетска и младинска категории во машка, како и во пионерска, кадетска и младинска категории во женска конкуренција.

Распоред:

Сабота:

11.00 часот: Пристигнување на екипите во салата „Автокоманда“ во Скопје.

11.30 часот: Ждребање на натпреварувачки броеви и краток состанок со тренерите и координаторите на групите.

12.15 часот: Почеток на првиот натпревар (А1-Б1) машки.

13.03 часот: Почеток на вториот натпревар (А1-Б1) женски.

14.00 часот: Почеток на третиот натпревар (Ц1-А1) машки.

14.50 часот: Почеток на четвртиот натпревар (Ц1- А1) женски.

15.40 часот: Почеток на петтиот натпревар (Б1-Ц1) машки.

16.30 часот: Почеток на шестиот натпревар (Б1-Ц1) женски.

17.30 часот: Завршување на натпреварите и сместување на екипите.

Недела:

11.00 часот: Почеток на церемонијата за одбележување на најуспешната сезона во историјата на клубот, кога се работи за млади категории, и затворање на 11-та сезона во Лигата и мини-лигата на Металург. Доделување на медали и признанија за најдобрите.

Гости на забавата ќе бидат Металко, Аква Денс и Давид Темелков.

Прочитано 626 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 9 = 13