Топ Вести

Промовирана е нашата школа во Берово

22.02.2016 11:59
12736265_858998144211434_504072874_n

Вчера во Берово е промовирана уште една школа во системот на Академија Металург.

Школата се вика “Дедо Иљо Малешевски“, ја води Драги Рашковски, а тренинзите ќе ги изведува во салата “Македонски Бранители“.

Школата е формирана врз база на постоечката ракометна секција на Основното училиште “Дедо Иљо Малешевски“, која постои од поодамна и која во изминатиот период постигна завидни резултати на ниво на Рапубликата. Во клубот моментелно членуваат околу 90 ученици.

 

.
Академијата Металург донираше топки, маици и други помагала за изведување на тренинзите на нашата нова школа.
.

Како председател на клубот можам да кажам дека и досега успешно работиме, но посебен успех за нашиот клуб е потпишувањето на договорот за деловно-техничка соработка меѓу УСК “Дедо Иљо Малешевски“ и академијата Металург од Скопје. Вчера во нашето убаво Берово се случи голем настан. Беше организиран промотивен турнир, по повод потпишувањето на договорот за деловно–техничка соработка со Академија Металург, на кој учествуваа по три екипи во машка и во женска конкуренција. Турнирот заврши успешно, за што добиваме признание и од граѓани, кои ја исполниле салата “Македонски Бранители“ за да ги бодрат младите ракометари и ракометарки од ОУ “Дедо Иљо Малешевски“, вели претседателот на клубот Драги Рашковски.

Со посебно задоволство дојдов во прекрасното Берово, каде ја промовираме нашата нова школа, која од денеска влегува во семејството на школи под закрила на Академијата Металург. Очекувам плодна соработка и уште побрз развој на ракометот во овој град, што е и основната цел на постоење на нашата Академија, со голем број на школи низ целата Република“, вели Тони Ристовски, директорот на Академија Металург.

Прочитано 665 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 1 = 3