Прв пораз на кадетите на Металург

20.11.2017 22:18
439

Во дерби натпреварот на групата 3 од кадетското првенство на Македонија, одигран во рамките на 4. коло, во Автокоманда Металург минимално загуби од екипата на Вардар, со резултат 25:26 (11:12).

Тоа беше дуел меѓу две непоразени екипи, кои во директна пресметка го решија моменталниот лидер на табелата.

Видовме интересен и рамноправен натпревар, полн со дуели, натпревар во кој и двете екипи имаа свои периоди, но кој на крајот му припадна на гостинскиот тим.

Можност за реванш нашите кадети ќе имаат во 11. коло, кога двете екипи повторно ќе се сретнат, но овој пат на теренот на Вардар.

.

РК Металург – РК Вардар  25:26 (11:12)

РК Металург: Ацевски, Табаковски 3, Фидановски 3, Димевски, Донев 3, Марковиќ 2, Ивановски, Миндишев, Меловски 1, Андревски 3, Вељановски 3, Прентовски 4, Рачевски 3, Стојановски, Николов и Крстев.    Седмерци: 4/5.    Исклучувања: 20 минути.

РК Вардар: Мишевски, Чакалиќ 8, Павловски 2, Трајановски, Жерновски 4, Тасевски, Ангеловски, Петров, Калајџиски, Димитриевски 3, Чорогунов, Србиновски, Грујоски 4, Трајчевски, Савревски 4 и Димчевски 1.    Седмерци: 8/11.    Исклучувања: 12 минути.

Судии: Ѓоргиевски Иво и Наумовски Игор од Скопје.

Делегат: Кимовски Зоран од Скопје.

Прочитано 488 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + = 15