Топ Вести

Прв пораз на младинците на Металург 2

11.11.2017 15:27
_DSC0061_resize

Младинската екипа на Металург 2 на гостувањето во Радовиш го доживеа својот прв пораз во тековното првенство. Средбата, одиграна во рамките на 4. коло, заврши со триумф на Радовиш, со резултат 27:24 (12:11).

Иако средбата воглавно мина во рамноправна борба, особено во првото полувреме, сепак домашниот тим имаше мала но константна предност во најголемиот дел од средбата, па победата на Радовиш е сосема заслужена. Тренерот на нашиот тим, Раде Стојановиќ, имаше доста замерки на залагањето и на играта на своите ракометари, па останува да се надеваме дека младинците на Металург 2 едноставно немаа свој ден и дека веќе во следното коло ќе им се вратат на победите.

.

Радовиш – Металург 2  27:24 (12:11)

Радовиш: Авалаџиски, Митев, Б.Јованов 7, Х.Ѓоргиев, Г.Јованов, Тасевски, Ј.Ѓоргиев 2, Петров, Јанков, Глигоров 3, Ристов 10, Димов, Атанасов и Постолов 5.   Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 0 минути.

Металург 2: Смилевски 4, Гајиќ 6, Мелоски 5, Младеновиќ 1, Кофиловски, Л.Додиќ, Тодоров, Кондев 4, Петковски, Митиќ, Ристовски, Василевски, С.Додиќ, Трајковски, Божиновски и Ников 3.    Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Андреј Андонов иИван Јованов од Радовиш.

Делегат: Живко Андонов од Радовиш.

Прочитано 1 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + = 15