Топ Вести

Првата пресметка мина во знакот на Вардар

02.09.2017 22:29
GIL_50975_resize_resize

Металург ја загуби првата пресметка со градскиот ривал, одиграна во рамките на првото коло на СЕХА-лигата. Вардар, кој е актуелен победник на Регионалната лига, го доби денешниот натпревар со убедливи 23:32 (11:16).

Младиот тим на Металург овој пат налета на инспириран и воигран Вардар, кој не му даде никаква шанса на тимот на Лино Червар. Металург беше рамноправен само во почетната фаза од средбата, но веќе во 14. минута имаме негатива од пет гола, 3:8, која се задржа до крајот на првото полувреме.

Во вториот дел нашите ракометари се обидоа да го стигнат резултатот на противникот и најблиску бевме во 34. и 47. минути, кога намаливме на само три гола. Сепак, многу поискусниот, па и поквалитетениот, Вардар повторно влезе во ритам и ја зголеми својата предност до максималните + 10 гола.

Лино Червар во последната третина од средбата во игра ги внесе најмладите наши ракометари Танкоски, Серафимов, Томовски и Палевски, кои одиграа според своите можности и вкупно постигнаа 4 гола.

Следна средба од календарот на СЕХА-лигата ја играме веќе в среда, 6 септември, кога и гостуваме на екипата на Динамо од Панчево.

Металург – Вардар  23:32 (11:16)

Металург: Арсиќ (5 одбрани), Томовски, Петров 1, Дрогришки 1, Јагањац 1, Токиќ, Танкоски 2, Серафимов 1, Кузмановски 1, Илиќ 2, Анџелиќ 4, Велковски 2, Пешевски 5, Палевски1, Гуглета 1 и Димитриевски 1.   Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 8 минути.    Црвен картон: Стефан Дрогришки.

Вардар: Штербик, Милиќ (6 одбрани) 1, Ѓоргески (3 одбрани), Стоилов 3, Поповски, Кристопанс 2, Македа 4, Карачиќ 3, Абутовиќ 1, Канељас 3, Чупиќ 1, Дибиров 5, Шишкарев 1, Борозан 4, Војводиќ 2 и Марсениќ 2.   Седмерци: 1/2.    Исклучувања: 2 минути.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 + = 6