Топ Вести

Раул Гонзалез го објави конечниот список за ЕП во Хрватска

10.01.2018 12:38
02

Селекторот на македонската сениорска репрезентација Раул Гонзалез го објави списокот со имињата на 19 ракометари, со кои ќе патува на ЕП во Хрватска.

.

Список на ракометари за ЕП Хрватска 2018:
Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски и Златко Даскаловски.
Бекови: Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Мартин Велковски и Филип Кузмановски.
Крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски и Гоце Ојлески.
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски и Никола Маркоски.
Одбрана: Аце Јоновски и Велко Марковски.

.

Металург во репрезентацијата на Македонија партиципира со тројца ракометари: бековите Мартин Велковски и Филип Кузмановски и пикерот Жарко Пешевски.

Утре рано наутро нашата делегација ќе замине за Загреб, каде на 13 јануари ќе го одигра првиот натпревар од групата против селекцијата на Словенија. Во нашата група на ЕП ќе настапат и селекциите на Црна Гора и на Германија, со кои ќе се сретнеме на 15, односно на 17 јануари.

Прочитано 1.953 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + 7 =