Топ Вести

Раул Гонзалез го објави списокот на сениорите за ЕХФ неделата

06.10.2017 13:49
unnamed

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, го објави списокот на ракометари кои ги повика на првиот собир на репрезентацијата за ЕХФ неделата (23-29.10.2017).

Собирот е закажан наа 23 октомври 2017 (понеделник), со почеток од 16.30 часот, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, а селекторот Гонзалез повика вкупно 21 ракометар:

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски и Јане Цветковски.
Крила: Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски и Мартин Поповски.
Бекови: Филип Талески, Филип Кузмановски, Марко Нелоски, Филип Лазаров, Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Филип Миркуловски и Немања Прибак.
Пикери: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски и Жарко Пешевски.
Дефанзивци: Велко Маркоски и Аце Јоноски.

Прочитано 1 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 8 =