Топ Вести

Раул Гонзалез го одреди составот за средбата со Словенија

12.01.2018 21:47
02

Македонскиот селектор Раул Гонзалез се определи за 16-те ракометари со кои ќе ја одигра првата средба од групната фаза против селекцијата на Словенија.

На таа средба Гонзалез реши да настапи без крилото Гоце Ојлески, голманот Златко Даскаловски и специјалистот за одбрана Велко Марковски.

Македонија ќе настапи со следните ракометари: Борко Ристовски, Никола Митревски, Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Мартин Велковски, Филип Кузмановски, Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски и Аце Јоновски.

Прочитано 1.816 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − = 2