Топ Вести

РАЗГОВОР СО ФИЛИП МИРКУЛОВСКИ, БЕК НА МЕТАЛУРГ, РАКОМЕТЕН РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ

04.01.2014 12:00
metalurg - nekse 1_resize

rk-metlurg-logo_final_resize

Текстот е преземен од дневникот “Нова Македонија“.

Ус­пеш­на го­ди­на на ко­ја си­те тре­ба да би­де­ме гор­ди.

Ми­на­та­та го­ди­на бе­ше на­ви­сти­на ус­пеш­на за Ме­та­лург на си­те по­ли­ња. СЦ „Бо­рис Трај­ков­ски“ бе­ше ис­пол­нет до пос­лед­но­то ме­сто на се­кој наш нат­пре­вар, а јас и мо­и­те со­и­гра­чи се тру­дев­ме да ја оправ­да­ме до­вер­ба­та. Го­ди­на­та што за­ми­на бе­ше уште ед­но искус­тво по­ве­ќе во ЛШ, а на до­бар пат сме трет­пат да стиг­не­ме до ос­ми­на­фи­на­ле­то на ЛШ. Тоа е го­ле­ма ра­бо­та. Тре­ба си­те да би­де­ме гор­ди, из­ја­ви Фи­лип Мир­ку­лов­ски (30), кој во 2014 го­ди­на, по­крај здрав­је, сре­ќа и љу­бов, си по­са­ка да ја за­вр­ши ма­ги­стра­ту­ра­та, а со Ме­та­лург и со ма­ке­дон­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја да ги по­вто­ри нај­го­ле­ми­те ус­пе­си, че­тврт-фи­на­ле во ЛШ (нај­го­лем ус­пех на еден ма­ке­дон­ски мач­ки клуб во кој би­ло спорт во ЛШ), од­нос­но 5-то ме­сто на ЕП.

Што се од­не­су­ва до ЕП во Дан­ска, не са­кам да збо­ру­вам пред по­че­то­кот на на­ста­ни­те. Ка­ко ре­пре­зен­та­ци­ја, си­те овие го­ди­ни по­ка­жав­ме де­ка има­ме огро­мен ква­ли­тет, а она што мо­жам со си­гур­ност да го ка­жам и ве­там е де­ка на се­кој меч ќе го да­де­ме ма­кси­му­мот. Ка­ков плас­ман ќе зна­чи тоа, ќе ви­ди­ме – ре­че Мир­ку­лов­ски, кој до­се­га оди­гра 93 ме­ча за Ма­ке­до­ни­ја (ви­сок плас­ман на ЕП 2014 ќе зна­чи и прос­ла­ва на 100-от меч) и по­стиг­на над 200 го­ла.

2_resize_resize

Ве­ли де­ка го­ди­на­та што из­ми­на ќе ја па­ме­ти по два уба­ви и еден лош на­стан.

– Од уба­ви­те на­ста­ни, на при­ва­тен план, тоа е се­ка­ко ра­ѓа­ње­то на мо­ја­та ќер­ка Јо­ва­на, ко­ја се ро­ди на го­ле­ми­от хри­сти­јан­ски праз­ник Све­ти Три­фун и ме на­пра­ви нај­среќ­ни­от та­тко на све­тот. На про­фе­си­о­на­лен план тоа е плас­ма­нот на Ме­та­лург во че­тврт-фи­на­ле­то во ЛШ, што во­ед­но е мој нај­го­лем ус­пех про­фе­си­о­нал­но. Лош спо­мен ќе ми би­де опе­ра­ци­ја­та на ко­ле­но­то, ко­ја, фа­ла му на гос­под, до­бро за­вр­ши – ве­ли Мир­ку­лов­ски, кој е до­бит­ник на на­гра­да­та „13 Но­ем­ври“ за ми­на­та­та го­ди­на.

6_resize

Верен на Металург.

По­жр­тву­ва­на­та игра во од­бра­на­та и про­дор­ни­от на­пад се глав­ни­те обе­леж­ја на Мир­ку­лов­ски. Ра­ко­мет­ни­те ска­у­ти од европ­ски­те клу­бо­ви мно­гу­па­ти по­ка­жаа ин­те­рес за ус­лу­ги­те на Мир­ку­лов­ски, но тој и по­на­та­му му е ве­рен на сво­јот Ме­та­лург.

Пос­лед­ни­ве не­кол­ку го­ди­ни отка­ко игра­ме на нај­ви­со­ко ни­во сум имал до­ста по­ну­ди од европ­ски­те клу­бо­ви, но ги од­бив од при­чи­на што исти­те ус­ло­ви ги до­би­вам во Ме­та­лург, ка­де што лу­ѓе­то во и око­лу клу­бот зна­ат да го вред­ну­ва­ат и на­гра­дат ква­ли­те­тот на ма­ке­дон­ски­те игра­чи. За­тоа и во клу­бот мо­мент­но има­ме 13 се­ни­ор­ски ре­пре­зен­та­тив­ци. Од дру­га стра­на, Ме­та­лург е клуб со го­ле­ми ам­би­ции, ам­би­ции што се сов­па­ѓа­ат со мо­и­те. Со Ме­та­лург играм во ЛШ. Што дру­го мо­жам да по­са­кам – об­јас­ну­ва три­на­е­се­тка­та на Ме­та­лург, кој ве­ру­ва де­ка овој број му но­си сре­ќа, би­деј­ќи на сво­јот грб го има уште од учи­лиш­ни­те де­но­ви.

GIL_8046_resize

Некогаш и сега.

Ме­та­лург ве­ќе ед­на де­це­ни­ја ра­бо­ти со сво­и­те шко­ли, а од пред три го­ди­ни тоа пре­рас­на во „Ра­ко­мет­на ака­де­ми­ја Ме­та­лург“. Та­му тре­ни­ра­ат сто­ти­ци де­ца што еден ден ќе тре­ба да ги за­ме­нат Мој­сов­ски, Мир­ку­лов­ски, Ди­мов­ски, Јо­но­ски, Мар­ко­ски… Пр­ва­та ге­не­ра­ци­ја ве­ќе е на до­бар пат. Ра­ко­ме­та­ри­те на вто­ри­от тим на Ме­та­лург, Ме­та­лург ју­ни­ор, се плод на шко­ла­та на Ме­та­лург.

– Нес­по­ред­ли­ви се се­га ус­ло­ви­те со ус­ло­ви­те во вре­ме­то ко­га јас поч­ну­вав да тре­ни­рам, ба­рем во клу­бот во кој сум се­га. Се­га ус­ло­ви­те се мно­гу по­до­бри. Де­ца­та со кои се ра­бо­ти има­ат на­ви­сти­на по­себ­ни ус­ло­ви за тре­нинг. Са­мо за спо­ред­ба, јас ду­ри од 19 го­ди­ни поч­нав да имам се­кој ден тре­нинг, а до­то­гаш ра­бо­тев­ме са­мо три­па­ти не­дел­но. Де­неш­ни­ве де­ца на 15-16 го­ди­ни тре­ни­ра­ат и по два­па­ти днев­но и им се по­све­ту­ва мно­гу по­го­ле­мо вни­ма­ние. Во Ме­та­лург на­ви­сти­на мно­гу се ра­бо­ти со мла­дин­ски­те шко­ли. Тоа осо­бе­но ме ра­ду­ва. Мо­жам да ка­жам де­ка ка­ко ни­ко­гаш има­ме та­лен­ти­ра­ни де­ца, но да­ли тие ќе израс­нат во ква­ли­тет­ни игра­чи најм­но­гу за­ви­си од нив са­ми­те. Има­ат од­лич­на ба­за и ус­ло­ви за ра­бо­та, тре­ба са­мо да ги иско­ри­стат – за­бе­ле­жа Мир­ку­лов­ски.

Рим и Маврово.

Мир­ку­лов­ски со ра­ко­ме­тот ја про­па­ту­ва це­ла Евро­па, но, со ог­лед на тоа де­ка тие па­ту­ва­ња се све­ду­ва­ат на ре­ла­ци­ја­та ави­он-хо­тел-са­ла и обрат­но, ни­ка­де не­мал до­вол­но сло­бод­но вре­ме да про­ше­та и да ги разг­ле­да уба­ви­ни­те.

– Не­ма зем­ја во Евро­па, ба­рем тие што има­ат ра­ко­мет­на тра­ди­ци­ја, што не сум ја по­се­тил. Се знае де­ка на тие па­ту­ва­ња има­ме мно­гу мал­ку вре­ме за про­ше­тка. Се­пак, Ита­ли­ја е зем­ја­та што са­кам да ја по­се­там, кон­крет­но Рим е гра­дот што ме фас­ци­ни­ра со бо­га­та­та исто­ри­ја ка­ко цен­тар на ед­на го­ле­ма им­пе­ри­ја – ве­ли Мир­ку­лов­ски, за ко­го во Ма­ке­до­ни­ја, Ма­вро­во е ме­сто­то што го сми­ру­ва и го ре­ла­кси­ра и че­сто знае та­му да из­бе­га на ден-два.

4_resize

Јо­ва­на со ед­на нас­ме­вка ме кре­ва во об­ла­ци.

Со ог­лед на тоа де­ка има и по два тре­нин­га днев­но, Мир­ку­лов­ски и не­ма мно­гу вре­ме за опу­шта­ње. Но ко­га ќе нај­де мал­ку сло­бод­но вре­ме тој по­втор­но тр­ча, но овој пат со џој­стик во ра­ка.

– Нај­го­ле­ма ра­дост во мо­јот жи­вот е ќер­ка ми Јо­ва­на, ко­ја знае со ед­на нас­ме­вка, со ед­на гри­ма­са да ме кре­не во об­ла­ци, кол­ку и да сум та­жен и раз­о­ча­ран. Ка­ко и се­кој друг, се ра­ду­вам на по­бе­ди­те на мо­јот тим и ре­пре­зен­та­ци­ја­та и, нор­мал­но, на уба­ви­те ра­бо­ти во при­ват­ни­от жи­вот. Ка­ко про­фе­си­о­на­лен спор­тист мно­гу че­сто сум умо­рен и ре­тко мо­же чо­век да ме срет­не над­вор. Нај­до­бро се ре­ла­кси­рам во до­маш­на ат­мо­сфе­ра, со игра­ње плеј­стејшн со мо­и­те при­ја­те­ли, но знам и да про­чи­там до­бар кри­ми­на­лен ро­ман од Ага­та Кри­сти – откри­ва Фи­лип Мир­ку­лов­ски, за ко­го му­зи­ка­та е сми­ру­вач­ки еле­мент пред ва­жен нат­пре­вар.

1

Мно­гу е по­лес­но со „Ба­у­ер­фејнд“ и со „Ре-Ме­ди­ка“

– Та­жен ме пра­ват по­вре­ди­те, но бла­го­да­ре­ние на парт­не­ри­те и на спон­зо­ри­те на Ме­та­лург, „Ба­у­ер­фејнд“ и „Ре-Ме­ди­ка“, кои нѐ опс­лу­жу­ва­ат со ме­ди­цин­ски по­ма­га­ла, сте­га­чи, ре­лакс-чо­ра­пи, штит­ни­ци, ка­ко и ме­ди­цин­ска гри­жа, прег­ле­ди, ди­јаг­но­сти­ка, фи­зи­кал­на те­ра­пи­ја, ма­са­жа и др., по­вре­ди­те мно­гу по­лес­но и по­бр­зо ги пре­бро­ду­ва­ме, ве­ли Фи­лип Мир­ку­лов­ски.

Бев до­ста та­лен­ти­ран ко­шар­кар

Фи­лип Мир­ку­лов­ски (ви­сок 189 см) ва­жи за еден од нај­до­бри­те и нај­по­жр­тву­ва­ни ра­ко­ме­та­ри на Ме­та­лург и на ма­ке­дон­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја, но не­го­ва­та пр­ва љу­бов во спор­тот би­ла ко­шар­ка­та.

– Мо­жам да ка­жам де­ка бев до­ста та­лен­ти­ран ко­шар­кар. Но би­деј­ќи бев не­за­си­тен за спорт, поч­нав па­ра­лел­но да тре­ни­рам и ра­ко­мет. Од тие де­но­ви има и ед­на случ­ка на ко­ја се­ко­гаш се по­тсе­ту­вам со смеа. На­ме­сто на тре­нинг на ра­ко­мет, оти­дов на тре­нинг на ко­шар­ка. Се­ка­ко де­ка та­му не­ма­ше ни­ка­ков тре­нинг по ко­шар­ка, а и тре­нин­гот за ра­ко­мет го про­пу­штив, би­деј­ќи тре­нин­зи­те ни се одр­жу­ваа на раз­лич­ни ло­ка­ции и не­мав вре­ме да стиг­нам. Ива­но Ба­лиќ е ед­на од при­чи­ни­те што се од­лу­чив за ра­ко­ме­тот ка­ко спорт. Тој е ра­ко­ме­та­рот што ми бе­ше идол и се­ко­гаш од­но­во и од­но­во ги гле­дав не­го­ви­те нат­пре­ва­ри и се оби­ду­вав да ги ко­пи­рам не­го­ви­от стил на игра и не­го­ва­та ра­ко­мет­на ма­ги­ја. Мис­лам де­ка таа не­го­ва игра мно­гу при­до­не­се за по­пу­ла­ри­за­ци­ја на ра­ко­ме­тот – спо­де­ли со нас Фи­лип Мир­ку­лов­ски, кој ни откри де­ка ко­шар­ка­та мно­гу му по­мог­на­ла во гра­де­ње­то на сти­лот на од­бра­на­та во ра­ко­ме­тот, ко­га знае да би­де нез­го­ден за про­тив­ни­кот.

DSC_0368_resize_resize

Мир­ку­лов­ски, иа­ко е дип­ло­ми­ран прав­ник, не се про­на­о­ѓа во таа про­фе­си­ја. Тој е хро­ни­чен за­вис­ник од спор­тот, кој не мо­же да го за­мис­ли сво­јот жи­вот без тре­нинг, без нат­пре­вар, без ди­на­ми­ка.

– Ако не бев ра­ко­ме­тар, си­гур­но ќе бев ко­шар­кар. Ед­но­став­но, спор­тот е мо­јот жи­вот и не мо­жам да за­мис­лам ка­ко би изг­ле­дал тој без ра­ко­ме­тот и без спор­тот во­оп­што – ка­жа Мир­ку­лов­ски, кој, по­крај ра­ко­мет и ко­шар­ка, сле­ди и фуд­бал, а уште од мал на­ви­ва за шпан­ски­от тим Ре­ал Ма­дрид.

Та­ња Ди­ми­три­о­ска.

zuti 01_resize

Прочитано 1.724 пати

(1) Коментар

  1. САМО МАКЕДОНСКА МАЈКА ВАКОВ ЈУНАК РАЃА. ПОЗДРАВ ДО ФИЛИП М. НЕКА МУ Е УСПЕШНА СЕКОЈА ГОДИНА .ДОКАЖАН ВРВЕН СПОРТИСТ И ВИСТИНСКИ ПРОФЕСИОНАЛЕЦ ВО СПОРТОТ. ПРАВ МАКЕДОНЕЦ ВЕРЕН ВЕРЕН НА СПОРТОТ И СВОЈАТА ЗЕМЈА.ДА СИ ЗДРАВ И ЖИВ ФИЛИПЕ М.

Напишете коментар


− 2 = 2