Топ Вести

РЕМИ КАКО ПОРАЗ

04.09.2010 21:24
640px-EHF_Champions_League.svg

Металург не успеа во своите амбиции за влез во главната група во Л.Ш. Во второто коло на турнирот во Порто “металурзите“ играа нерешено со домакинот. Порто-Металург 24:24, полувреме 14:10.

Тежок и напнат натпревар, во кој Порто воглавно ја имаше контролата врз резултатот. Металург повторно деконцентриран во првата третина од првото полувреме. Порто во 11 минута поведе со 6:3. Иако Металург во 14 минута изедначи на 6:6, а следната и поведе со 6:7, сепак полувремето заврши со солидна предност на  Порто од 4 гола. Во второто полувреме, бодрен од својата публика и користејки ја лесната наклонетост на судиите, Порто полека се одлепи и во неколку наврати ја достигна највисоката предност од 6 гола. При  22:17, Металург конечно заличи на себе и со серија од 5:0 го израмни резултатот. Три минути до крај, кога се решаваше натпреварот,  неоправдано е исклучен Ѓоргоноски. Порто поведе со 24:23, а точка на натпреварот стави Златко Мојсоски со гол од 7 метри на 5 секунди до крајот.

Се добива впечаток дека своја улога одигра вчерашниот исцрпувачки натпревар со Динамо Минск. Двата, реално најквалитетни, тима потрошиле премногу сила во меѓусебната пресметка. Така, во вториот денешен натпревар,  Динамо Минск , во последната минута, едвај го совлада тимот на Запорожје со 29:28, полувреме 15:17.

Во Металург најпрецизни беа Алушевски и Златко Мојсоски со по 6 гола, додека за Порто,  Рикардо Мореира даде 7, а Гилберто Дуарте 6 погодока.

Утрешниот меч со Запорожје е од ревијален карактер за двата тима, а Металург секако ќе се обиде да ја извојува првата победа на турнирот.

Дуелот Динамо Минск-Порто ќе го даде патникот во главната група на Л.Ш.

Прочитано 415 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + = 17