Топ Вести

РИСТО ЧОКРЕВ

19.01.2012 17:23
SC03001_resize

Ристо Чокрев е нашата најголема клупска легенда. Во Металург влезе во 1973 година, со неполни 15 години, и остана, до овој момент, цели 38 години. Почна во легендарната младинска екипа, формирана во 1973 година, која за само една година се вклопи во сениорскиот тим и која стана основа на Металург во идните две децении. Во Металург играше како лево крило. Деби, во сениорскиот тим, имаше на натпреварот против Куманово, во Македонска лига. Чокрев наскоро стана стандарден во тимот на Металург, со големо влијание во играта и меѓу соиграчите. Неговиот темперамент, и особено неговата храброст, влеваа сигурност кај соиграчите, посебно при гостувањата кои во тоа време беа секогаш тешки. Чокрев неколку пати се простуваше од ракометот, меѓутоа, во тешките денови за Металург, повторно се активираше за да го даде својот придонес. Некое време, настапуваше и како играч и тренер. Конечно, на 35 годишна возраст, за секогаш се прости од активното играње.

Особено непроценлива е улогата на Чокрев во тешкиот период по осамостојување на нашата држава. Беспарицата во која западна Металург, немањето на стабилен спонзор и соответен играчки квалитет, го доведоа Металург на самиот раб на пропаста. Чокрев, со малкумина интузијасти, буквално на плеќи го изнесе Металург, многу често и со сопствени средства, и го доведе до мирните денешни денови. Ристо Чокрев денес е претседател на РК Металург.

Прочитано 667 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 7