Топ Вести

РК МЕТАЛУРГ Е ПОБЕДНИК НА 1/8 ФИНАЛЕ НА КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА, ГРУПА 2

09.04.2011 18:11
291696_338566956219292_931333700_o

Со победата над екипата на Младост 09, РК Металург стана победник во 2-та група од 1/8 финале на Купот на Македонија. Вечерниот натпревар се претвори во поединечни егзибиции на нашите ракометари, меѓу кои особено беа расположени Георгиевски и Алушевски, кои постигнаа по 10 гола. Во првиот дел, додека имаа сили, ракометарите од Богданци барем се обидуваа да дојдат во ситуација за шут. Во овој дел постигнаа и 7 гола. Во вториот дел, кондиционо паднати, тие целосно се предадоа. Во овој дел постигнаа 5, а примија дури 26 гола. Да беа малку повнимателни, нашите ракометари можеа да дадат уште барем 15-тина гола. Сепак, Младост не е никакво мерило, а натпреварот едноставно мораше да се одигра.

РК Металург – РК Младост 09  44:12  (18:7)

РК Металург: Ангелов, Митревски, Кимевски, Ракчевиќ 3, Левов, Димовски 3, Георгиевски 10, Манасков 5, Миркуловски 3, Маркоски 3, Н.Мојсовски, Стоилов 1, Стојчевски, Јоновски 6 и Алушевски 10.           Седмерци: 3/4.    Исклучувања: о минути.

РК Младост 09: Лушев, Роглев 2, Манолев, Ампов 1, ПопЃонов, Арнаудов 7, Прошев, Паунков, Јанчев 1, Стојчевски 1, Мацин и Карапучев.             Седмерци: 1/1.      Исклучувања: 0 минути.

Судии: Вукашиновски Александар и Металари Исмаил од Скопје.

Делегат: Начевски Драган од Скопје.

Прочитано 316 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 6