Топ Вести

Рутинска победа на Металург во Охрид

24.05.2017 20:31
0804210171AND_0020_resize

Во осмото коло на плејоф-фазата Металург во Охрид славеше против истоимената екипа, со резултат 30:24 (16:11). Ова е седма победа на нашите ракометари, кои ја обезбедија втората позиција во конечната табела и настап во СЕХА-лигата, а теоретски се уште се во борба за шампионската титула во првенството на Македонија.

Металург вечерва извојува рутинска победа. Уште во раната фаза обезбедивме резултатска предност и, иако Охрид во еден момент успеа да израмни на 8:8, ја имавме целосната контрола врз играта. Крајот на првите 30 минути го дочекавме со предност од 5 гола, 11:16, кои се покажаа како доволни за конечниот успех на овој важен натпревар.

Во вториот дел имавме и позитива од осум гола, но средбата ја завршивме со шест.

До крајот на првенството остануваат две кола. Најпрво дома играме со Борец од Велес (28 мај), а потоа гостуваме во Битола кај екипата на Работник (4 јуни).

 

Охрид – Металург  24:30 (11:16)

Охрид: Стојановски, Босеовски, Андоноски 3, Младеновски 1, Блажески 2, Андоновски, Новаковиќ, Спасовски, Трајкоски, Јанев 4, Кобетиќ 6, Кежиќ 1, Адамовиќ 3, Димитриевски 2, Трифуновски 1 и Белески 1.   Седмерци: 0/0.   Исклучувања: 2 минути.

Металург: Арсиќ, Томовски, Петров 4, Дрогришки, Младеновиќ 2, Костески 7, Вејин 3, Обрадовиќ 2, Кузмановски 1, Илиќ 7, Печенковски, Велковски 2, Пешевски 1, Марчец 1, Јусефинеџад и Гуглета..   Седмерци: 2/3.   Исклучувања: 2 минути.

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје.

Делегат: Марјан Начевски од Скопје.

Прочитано 2.783 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 8 = 12