Топ Вести

СЕ ИСПРАЗНИ КАМПОТ НА МЕТАЛУРГ

26.06.2015 18:06
_DSC0344_resize

za tekst

Се има свој почеток, но и свој крај. Дојде моментот кога мораме да го објавиме крајот на кампот на Металург за 2015 година.

Денеска е денот на заминувања, па затоа уште од рано наутро сите беа спакувани и со куферите, торбите и ранците наредени пред хотелот. Се чекаа автобусите.

Последни фотографии, меѓусебни желби за добар пат, последна размена на желби, адреси и телефонски броеви.

Први заминаа прилепчаните на Гоце Макалоски.

Потоа скопските школи на Ане Велков и на Силвана Миленковиќ.

Следни на ред беа кумановската школа на Александар Трајковски и скопската школа на Данче Тасеска.

Последни заминаа скопските школи на Никола Матлиески и на Јуле Црвенкоска.

Остана само да се поздравиме со љубезниот персонал на хотелот “Бетон“ и да го објавиме крајот на летниот камп на Металург за 2015 година.

Се гледаме следната година, на истото место. Веќе сега ви го најавуваме летниот камп на Металург 2016.

Прочитано 1.131 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 1