Топ Вести

Селекторот Брестовац го објави списокот на кадетите за турнирот во Романија

04.12.2017 17:59
Bez-tytu-u3-1024x576

Селекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, го објави списокот од 17 ракометари кои ќе патуваат за Васлуи, Романија, за настап на меѓународниот турнир за играчи од генерацијата 2000 и помали.

На турнирот, што ќе се одржи во периодот од 14 до 18 декември 2017 година, Македонија ќе одигра натпревари со селекциите на Израел, Белорусија и на домаќинот Романија. Точниот распоред на натпревари, заедно со времето на почеток на натпреварите, дополнително ќе бидат објавени.

Список на повикани ракометари: Марко Кизиќ, Виктор Василевски, Андреј Петковски, Дејан Џигеровски, Бобан Каковски, Мартин Карапалевски, Мартин Серафимов, Васил Витанов, Наум Костов, Лазар Ников, Симон Гучески, Глигор Гајиќ, Илија Мелоски, Игор Ѓорѓиев, Кристијан Симоноски, Мартин Мајсторовски, Андреј Митиќ.

Шестмина од овој список се ракометари на Металург и на Металург 2: Виктор Василевски, Мартин Серафимов, Лазар Ников, Глигор Гајиќ, Илија Мелоски и Андреј Митиќ.

Кадетите на крајот на месец октомври 2017 настапија на силниот турнир во Плоцк, каде играа со Чешка, Белорусија и со Полска. Тој турнир, заедно со турнирот во Васлуи, се дел од подготвителниот период на оваа генерација за ЕХФ шампионатот во 2018 година, односно СП во 2019 година што ќе се игра во Скопје.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 1 =