Селекторот Брестовац го објави списокот на младинците за средбите со Бугарија

07.12.2017 17:16
ARM_MAC_11-1

Селекторот на младинската машка репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, објави список од 29 ракометари, кои ги повика на собирот што ќе се одржи на 19 декември. Се работи за подготовка за настап на пријателските средби со Бугарија во Габрово.

Натпреварите помеѓу Македонија и Бугарија ќе се играат на 22 и на 23 декември и ќе се одиграат вкупно четири средби – по две во младинска и во кадетска конкуренција. На 29-те ракометари, кои Брестовац ги повика за собирот, ќе им се приклучат и кадетите, кои на 18 декември се враќаат во Скопје од меѓународниот турнир во Романија. Низ заедничките подготовки Брестовац ќе ги одреди патниците на двете репрезентации за Габрово.

.

Повикани се следните младинци:

Capture

На оваа листа дури десетмина ракометари доаѓаат од редовите на Металург 2.

Младинската и кадетската репрезентации периодов активно ќе се подготвуваат за настапите на ЕХФ Шампионатите. Младинската репрезентација (до 20 години) ќе настапи на ЕХФ Шампионатот во Скопје, во втората половина на јули, додека кадетите ќе играат на ЕХФ Шампионатот во Грузија.

Прочитано 524 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 6 = 0