Топ Вести

Селекторот Данило Брестовац го објави поширокиот список на ракометари за кадетската репрезентација на Македонија

06.10.2017 13:06
FLP_6703

Селекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, го објави поширокиот список со имињата на 46 млади ракометари од генерацијата 2000 и помали, чиј развој и напредок детално ќе се следи во наредниот период, како подготовка за кадетското СП што во 2019 година ќе се игра во нашата земја.

Дел од овие 46 ракометари ќе бидат дополнително повикани за првиот собир на репрезентацијата, што е закажан за 22 октомври во Скопје, а од тие ракометари, по неколкудневните тренинзи во салата Автокоманда, ќе биде избран кадетскиот состав на Македонија, кој ќе настапи на Меѓународниот турнир во Плоцк (Полска), во периодот од 26 до 29 октомври 2017 година.

Оваа пред-селекција е дел од долгорочната подготовка на кадетската репрезентација за настапот на СП во 2019 година, чиј домаќин ќе биде Скопје. Тренерскиот стручен тим и натаму детално ќе го следи развојот и напредокот на сите овие млади играчи низ редовните настапи за нивните клубови, со цел што подобро да ја подготви репрезентацијата за големиот настан.

Список на селекторот Брестовац:

140854-brestovac-kje-sledi-46-talenti

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 5