Топ Вести

Селекторот Гонзалез го објави поширокиот список за ЕП во Хрватска

05.12.2017 15:03
Seniori-reprezentacija-bela-pozadina-so-logo

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, го објави поширокиот список од 28 ракометари за ЕП во Хрватска, што ќе се игра во периодот од 12 до 28 јануари.

.

Списокот на Раул Гонзалез:

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане Цветковски, Мартин Томовски.
Бекови: Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Немања Прибак, Филип Лазаров, Филип Кузмановски, Аце Јоновски, Велко Марковски, Горан Крстевски, Марко Нелоски, Мартин Велковски, Дарко Димитриевски, Марио Танкоски, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Мартин Серафимов,
Крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески, Мартин Поповски
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски

Во списокот на Раул Гонзалез се и имињата на седуммина ракометари на Металург: Мартин Томовски, Филип Кузмановски, Мартин Велковски, Дарко Димитриевски, Марио Танкоски, Мартин Серафимов и Жарко Пешевски.

Сениорската репрезентација на Македонија на ЕП во Хрватска се наоѓа во група со Германија, Словенија и со Црна Гора, а натпреварите од првата групна фаза ќе ги игра во Загреб.

Според распоредот, Македонија во првото коло, на 13 јануари, се среќава со Словенија, на 15 јануари противник на нашиот состав ќе биде Црна Гора, додека групната фаза ја затвораме со меч против Германија на 17 јануари.

Прочитано 1 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + 4 =