Топ Вести

Селекторот Раул Гонзалез го скрати списокот за ЕП во Хрватска

14.12.2017 15:58
Screenshot-2017-10-5 Ракомет TIME mk

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, го објави списокот на ракометари повикани на првиот собир на репрезентација за подготовките за ЕП 2018 во Хрватска. Раул Гонзалез повика 21 ракометар на првиот собир што ќе се одржи на 25 декември 2017, со почеток во 16.30 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

.

Повикани се следните ракометари: Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Аце Јоновски, Велко Маркоски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Филип Кузмановски, Горан Крстевски, Филип Миркуловски, Кирил Лазаров, Мартин Велковски.

.

Во однос на претходниот, поширок, список, на листата ги нема Јане Цветковски, Мартин Серафимов, Мартин Манасков, Марио Танкоски, Стефан Дрогришки, Марко Нелоски и Дарко Димитриевски. На овој новиот список има и четворица ракометари на Металург: Мартин Томовски, Жарко Пешевски, Филип Кузмановски и Мартин Велковски.

Инаку, според планот и програмата за работа, воведни подготовки ќе започнат на 18 декември, со почеток од 18.00 часот во СЦ „Јане Сандански“. На воведните тренинзи, кои ќе траат до официјалниот старт на подготовките, ќе се работи на индивидуален план, со помал број на играчи и персонализирани тренинзи за секој од повиканите играчи, изготвени од стручниот штаб на репрезентацијата, а спроведени од асистентите на селекторот Роберто Парондо, Александар Царчев и Кристијан Кајчевски. На располагање ќе биде и комплетниот физиотерапевтски тим на репрезентацијата, со цел играчите максимално подготвени да го дочекаат првиот собир.

Прочитано 956 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 1