Топ Вести

СЕЗОНА 1981/82 ЛОШ ПОЧЕТОК НА МЕТАЛУРГ

06.01.2012 01:32
DSC03123_resize

И покрај многуте засилувања (Ванчо Јовановски, Русмир и  Груевски), Металург лошо ја почна сезоната во новоформираната Прва “Б“ лига-Југ. Во воведните две кола доживеа два порази, од Трепча и Вардар, а по победата против Кристал, нов пораз од Пелистер. По 11-тото коло, нашиот скор беше 3 победи, едно реми и дури 7 порази. Потоа уследи период на консолидација, и по 15-то коло имавме 5 победи, едно реми и 9 порази. Во најтешките моменти, Металург најде сили и со три прекрасни победи, против Кристал во Заечар, ФАП во Горажде и водечкиот Пелистер дома, доаѓа до 8 победи. На крајот, Металург го зазеде солидното шесто место со по 12 победи и порази и два нерешени натпревари. Сезоната беше спасена.

Фото:

Прочитано 336 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 8 = 13