Топ Вести

Силниот Монпелје се намачи со младиот Металург

12.11.2017 22:12
GIL_0958_resize

Монпелје ја доби средбата од 7. коло на групната фаза на Лигата на шампионите против Металург, но мораше да се намачи за да ги совлада нашите млади ракометари.

Металург уште еднаш покажа дека најдобро ги игра најтешките натпревари, па денешната средба мина во израмнета борба во која се до крајот немаше сигурен победник. Конечната разлика од 6 гола во полза на францускиот тим не е реална, бидејќи во текот на 55 минути предноста на Монпелје ретко ја надминуваше границата од два гола. На крајот, нашите ракометари ја загубија свежината, па тенката клупа резултираше со повисок пораз од заслужениот.

Монпелје беше тимот што имаше константна предност во текот на сите 60 минути, но Металург постојано се враќаше во игра и најчесто беше само чекор зад резултатот на својот противник. Особено израмнето беше првото полувреме, кое го загубивме со два гола разлика, но во кое имавме и доволно неискористени прилики за поповолен резултат.

Се до средината на вториот дел водевме жестока битка во двете насоки, а потоа полека го загубивме здивот, што искусниот противник го искористи и заслужено дојде до седмата победа во тековната сезона.

.

Металург – Монпелје  21:27 (14:16)

Металург: Арсиќ (7 одбрани), Томовски (3 одбрани), Анџелиќ 5, Димитриевски 1, Гуглета 1, Илиќ 2, Јагањац 5, Петров, Кузмановски 1, Лазаревски, Палевски, Пешевски 5, Серафимов, Танкоски, Токиќ и Велковски 1.   Седмерци: 0/1.   Исклучувања: 6 минути.

Монпелје: Афгур 4, Бинго, Бонефонд 3, Каусе 6, Фаустин 2, Жерард, Гигу 5, Кафтичник, Порт 6, Портнер, Ричардсон 2, Соуси, Туми и Трушановичиус.    Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Хавиер Алварез Мата и Јон Бустаманте Лопез од Шпанија.

Делегат: Алин-Сергиу Кирлигеану од Романија.

Прочитано 1 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + 7 =