Топ Вести

Силниот отпор на Металург недоволен за бодови во Загреб

13.02.2018 21:13
_50I2158_original_resize

Металург ја загуби средбата од 14. коло, која во Загреб ја одигра со екипата на ППД Загреб. Поразени сме со резултат 30:28 (15:13), иако во текот на целиот натпревар бевме во позиција да се бориме за двата бода.

Видовме натпревар кој во најголемиот дел мина во целосно рамноправна игра, а неколкуте грешки, при крајот на првото полувреме и во средината на второто, допринесоа бодовите сепак да и припаднат на домашната екипа. Малата посетеност на трибините делуваше по малку демотивирачки за двете екипи, што резултираше со игра без многу темпо и без набој.

Во првото полувреме двете екипи постојано се менуваа во водството. Металург играше добро во одбраната и прецизно во нападот, а одличен на нашиот гол беше и младиот Мартин Томовски, кој одбрани седум удари во овој дел од средбата. Малата деконцентрација кај нашите ракометари во последните две минути доведе до највисока предност на Загреб од три гола, 15:12, но полувремето сепак заврши со резултат 15:13.

Рамноправно почна и вториот дел, па Металург во 35. минута дојде на оддалеченост од само еден гол, 17:16. Но, кога требаше да се направи последниот чекор и да се превземе водството, Металург влезе во серија грешки, а тоа резултираше со највисока предност на Загреб, 21:17 во 40. минута. Металург се до крајот храбро се бореше и се обидуваше да направи резултатски пресврт, но поискусната екипа на Загреб најде начин да ја задржи минималната предност и да освои нови три бода.

Металург на оваа средба настапи без Мартин Велковски, кој на последниот тренинг пред тргнување за Загреб ја повреди аркадата и остана во Скопје.

.

ППД Загреб – Металург  30:28 (15:13)

ППД Загреб:  Јовиќ (2 одбрани), Кастелиќ (4 одбрани) 3, Ереш, Мраковчиќ, Лучин, Павлетиќ 1, Контрец 8, Вори, Марковиќ 3, Хорват 8, Ј.Валчиќ 1, Т.Валчиќ, Равниќ, Бичаниќ 3, Павловиќ 1 и Векиќ 2.   Седмерци: 4/5.    Исклучувања: 6 минути.

Металург: Томовски (10 одбрани), Даниловски (4 одбрани), Маџовски, Јагањац 9, Димитриоски, Токиќ 1, Шилегов, Танкоски 1, Серафимов 3, Кузмановски 8, Илиќ 2, Пешевски 3, Палевски, Гуглета 1, Лазаревски и Арсеновски.   Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 4 минути.

Прочитано 477 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + = 8