Скјерн повторно се извлече

30.11.2015 01:17
MJI_6806_resize

Тешко беше да се гледа крајот од денешната средба, кога ракометарите на Металург имаа да изведат уште само удар од девет метри, на три секунди до крајот. Скјерн имаше минимална предност, а овој удар беше нашата последна шанса да дојдеме до бод од овој натпревар. Одговорноста ја презеде младиот Филип Талески, кој, за жал, шутираше над голот на противникот. Загубивме уште еден натпревар за кој долго ќе жалиме, а Скјерн се извлече со уште една минимална победа.

Скјерн беше екипата, која во најголемиот дел од средбата имаше водство, понекогаш минимално, но понекогаш изразено и со повеќе голови. Металург лошо ја одигра средината на првото и почетокот на второто полувреме, и токму во овие периоди гостинската екипа и дојде до својата висока предност, највисока во 35. минута, кога стигна и до максималните +6, 11:17. Можеби некој во тие моменти очекуваше и катастрофа на нашиот тим, но во акција стапи нашата младина, која постепено ја намали противничката предност, за да во 58. минута и го израмни резултатот, 23:23. Сепак, на крајот не можевме да го избегнеме поразот.

Металург – Скјерн  24:25 (11:13)

Металург: Дупјанчанец, Вуковиќ, Божовиќ 8, Бувиниќ 2, Костески 1, Кукоски, Кузмановски 3, Маџовски, Матиќ 1, Мраковчиќ 1, Палевски, Ж.Пешевски 3, Петров, Шпилер 2, Талески 3 и Велковски.   Седмерци: 3/5.    Исклучувања: 4 минути.

Скјерн: Бергхолт, Ф.Кристенсен 1, Б.Кристенсен 1, Дал, Хансен, Јоргенсен, Клитгард 4, Микелсен 6, Мирхол 2, Олсон 4, Педерсен, Расмусен 2, Сондергард 4 и Свенсон 1.   Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 6 минути.

Прочитано 691 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 2 =