Топ Вести

Славко Голужа: Чувајте го Металург!

29.11.2017 11:46
_DSC0283_resize

По натпреварот со Металург, тренерот на Татран Прешов, Славко Голужа, коректно го призна поразот и упати честитки до својот спортски противник.

.

Славко Голужа: “Можам само да му честитам на мојот колега Јовиќ за победата која е заслужена. Знаевме дека натпреварот ќе има ваков тек, а знаевме и како ќе одигра Металург. Анализирајќи ги сите натпревари на Металург, изненаден сум од почетокот на мечот, но не од противникот туку од моите играчи. Не успеавме да направиме фаули, да ги сопреме брзите напади на противникот. Но, дури и кога губевме со 11 голови разлика, јас верував во можната победа. Можеби звучи нелогично, но знаев дека Металург ќе падне и знаев дека нашите пет минути ќе дојдат. Одигравме петнаесетина минути како што знаеме и умееме во финишот, но натпреварот се игра од почеток. Не ја заслуживме победата, штета за нас, но само сум реален. Сепак, кога ќе се одигра ваков натпревар, нема за што да се жали. Чувајте го Металург, внимавајте на него. Чувајте го и обидете се да го вратите на местото на кое му припаѓа. Сите знаеме што значи Металург за Македонија“.

Бруно Буторац: “Тренерот кажа се. Сакам да им честитам на момците од Металург, тие заслужено победија. Ние не се држевме до планот, нападот ни беше брзоплет, а не реализиравме и неколку зицери. Позитивно беше само тоа што се боревме до крајот. Немавме среќа да постигнеме погодок во празен гол во самиот финиш и тоа е тоа“.

.

Фото:

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 3 =