Топ Вести

Словенечкиот селектор Вујовиќ го објави поширокиот список за ЕП во Хрватска

05.12.2017 19:07
slovenija_sp2017

Словенечкиот селектор Веселин Вујовиќ го објави поширокиот список со имињата на 28 ракометари, со кои ќе ги почне подготовките за ЕП 2018 во Хрватска, кое ќе се игра во период од 12 до 28 јануари.

Словенија е дел од групата “Ц“, која своите натпревари ќе ги игра во Загреб, а во која уште се и Македонија, Германија  и Црна Гора .

.

Списокот на селекторот Веселин Вујовиќ:

Голмани: Клемен Ферлин (Горење Велење), Урх Кастелиќ (ППД Загреб), Урбан Лесјак (Цеље ПЛ) и Матевж Скок (ППД Загреб).

Крила: Дарко Цингесар (Аикс), Блаж Јанц (Киелце), Гаспер Маргуч (Веспрем), Нико Медвед (Горење Велење), Марио Шоштариќ (Пик Сегед), Матиц Вердинек (Горење Велење).

Бекови: Саша Баришиќ Јаман (Нексе), Марко Бежјак (Магдебург), Деан Бомбач (Киелце), Нејц Цехте (Горење Велење), Јуре Доленец (Барселона), Јан Гребенц (Горење Велење), Ник Хенигман (Рибница), Вид Кафтичник (Монпелје), Патрик Лебан (Нексе), Борут Мачковшек (Цеље ПЛ), Жига Млакар (Цеље ПЛ), Грегор Поточник (Горење Велење), Матиц Сухолежник (Цеље ПЛ), Алекс Влах (Копер) и Миха Зарабец (Кил)

Пикери: Блаж Благотиншек (Веспрем), Матеј Габер (Пик Сегед) и Игор Жабиќ (Висла Плоцк).

Словенија е првиот противник на Македонија во групната фаза, а оваа средба ќе се игра на 13 јануари.

Прочитано 1 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 5 = 0