Топ Вести

Спортинг е квалификантот во нашата група во Лигата на шампионите

03.09.2017 18:39
21314644_1905894622966196_9098320479673923338_n

Екипата на Спортинг од Лисабон е квалификантот од нашата група “Б“ во Лигата на шампионите, откако во финалето на квалификацискиот турнир го совлада тимот на Алпла Хард, со резултат 35:34 (17:17).

Квалификацискиот турнир се одигра во Прешов, а домаќинот на турнирот, екипата на Татран Прешов, го освои дури третото место.

 

Резултати:

Вчера:

Полуфинале 1:  Спортинг – Кокс  31:27 (18:14)

Полуфинале 2:  Татран Прешов – Алпла Хард  25:26 (12:13)

Денес:

Меч за трето место:  Кокс – Татран Прешов  27:30 (10:16)

Меч за првото место:   Спортинг Лисабон – Алпла Хард  35:34 (17:17)

 

Со Спортинг, чиј дрес го носи поранешниот ракометар на Металург Јанко Божовиќ, Металург ќе се сретне во рамките на 3. коло (30 септември), а потоа и во рамките на последното, 10. коло.

Прочитано 7 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + = 10