Топ Вести

Струга лесен залак за разиграниот Металург

14.08.2017 22:22
_DSC0029_resize

Металург ја запиша својата прва победа на 45-тото издание на меѓународниот турнир “Струга“. Совладана е екипата на домаќинот, Струга, со убедливи 43:11 (21:7).

Иако играше со објективно послаб противник, Металург денеска прикажа квалитетен ракомет, како во нападот така и во одбраната. Резултатот е одличен особено ако се земе во предвид дека во најголем дел од средбата на паркетот беа нашите најмлади ракометари, кои вчера не настапија или, пак, имаа мала минутажа.

Од самиот почеток нашите ракометари наметнаа темпо кое противникот не можеше да го следи, па веќе по првите 30 минути имавме предност од 14 гола, 21:7.

Уште полошо Струга мина во второто полувреме, кое Металург го доби со резултат 22:4.

За најдобар играч на Металург на оваа средба е избран младиот Мартин Серафимов, стрелец на седум гола.

По овој успех, Металург обезбеди настап на натпреварот за третото место, каде за противник ќе ја имаме екипата на Охрид, која вечерва го совлада тимот на Алингсас со резултат 28:27. Оваа средба се игра утре, со почеток во 19.45 часот.

Металург – Струга  43:11 (21:7)

Металург: Томовски, Даниловски, Арсиќ, Петров 1, Дрогришки 4, Лапајне 3, Токиќ 2, Шилегов 6, Танкоски 1, Кузмановски 2, Анџелиќ 2, Велковски, Пешевски 2, Димитриоски 7, Димитриевски 1, Арсеновски 5 и Серафимов 7.    Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 6 минути.

Струга: Затаракоски, Мечкароски, Кузманоски 1, Крстаноски 1, Милески, Јанкулоски, Нацев 4, Ферукоски, Мемед, Новаковиќ 2, Тутенкоски, Арсоски, Дукоски, Попин, Бајрамоски 3 и Дуноски.    Седмерци: 1/1.    Исклучувања: 8 минути.

Прочитано 4.752 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + 5 =