Топ Вести

Супер Глоуб ќе има шпанско-германско финале

26.08.2017 19:52
ai

Денеска во Доха се одиграни полуфиналните средби од неофицијалното светско клупско првенство – Супер Глоуб. Македонскиот и европски шампион Вардар не успеа да се пласира во финалето, откако во реприза од полуфиналето на фајналфор-турнирот во Лигата на шампионите е поразен од Барселона. Германскиот, пак, претставник Фуксе Берлин немаше проблем на средбата против Ал Сад и доби шанса да ја одбрани титулата освоена минатата година.

 

Денешни резултати:

Денешни натпревари за пласман од 5 до 8 места:

12 часот: Нафт-О-Гашаран – Есперанца  28:35 (12:16)
14 часот: Сиднеј – Пињеирос  26:32 (11:16)

 

Денешни полуфинални средби:

16 часот: Вардар – Барселона  29:32 (12:15)
18 часот: Ал Сад – Фуксе Берлин  23:30 (13:16)

 

Утре во Доха е слободен ден, а заутре се играат завршните натпревари:

12 часот, меч за 7 место:  Сиднеј – Нафт-О-Гашаран
14 часот, меч за 5 место:  Пињеирос – Есперанца
16 часот, меч за 3 место:  Ал Сад – Вардар
18 часот, финале:  Фуксе Берлин – Барселона

Прочитано 1 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 − 2 =