Топ Вести

Своите грешки Металург 2 ги плати со пораз од Тинекс Пролет

11.11.2017 20:34
_DSC0052_resize

Во редовното коло од првенството на Македонија, во Автокоманда се одигра интересен натпревар во кој Тинекс Пролет го совлада тимот на Металург 2, со резултат 33:29 (17:11).

Металург 2 со пораз ги плати бројните грешки направени особено во првото полувреме, кое заврши со предност на Пролет од 6 гола, што на крајот и го реши овој интересен натпревар.

Нашиот противник водеше во текот на сите 60 минути и знаеше да ја казни нашата лоша игра особено во одбраната, која често наликуваше на швајцарско сирење. Пролет многу брзо стекна комотна предност од 4 гола, 3:7, и таа ја задржа, па и зголеми, до крајот на првиот дел.

Многу поинтересно беше во второто полувреме. Металург 2 овој дел го почна фуриозно и за само 7 минути успеа да надомести дури пет гола од високата предност на противникот, 17:18. Но, кога се очекуваше нашите ракометари да продолжат во истиот ритам, повторно дојде до пад во концентрацијата и разликата повторно се искачи на три гола. Се до крајот на средбата Металург го напаѓаше резултатот на Пролет, но не успеа во својот обид и забележа заслужен пораз.

.

Металург 2 –  Тинекс Пролет 29:33 (11:17)

Металург 2: Даниловски, Димитриоски 4, Гошевски, Лазаревски 3, Василевски, Смилевски, Серафимов 9, Арсеновски 1, Лембанов, Младеновиќ, Мелоски, Кондев, Шилегов 3, Танкоски 3, Митиќ и Павловски 6.   Седмерци: 6/7.    Исклучувања: 16  минути.

Тинекс Пролет: Кимевски, Коруновски, Кристо, Ф.Василевски 6, Аларов, Јовчевски 2, Мајнов 3, А.Василевски, Ролевски 1, Трајковски 3, Андоновски 11, Џонов, Дамчевски, Љубевски, Стојановски и Манасков 7.  Седмерци: 8/8.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје.

Делегат: Аце Николовски од Скопје.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 6 = 14