Топ Вести

Тинекс Пролет се “извлече“ против младиот, но мотивиран Металург 2

10.03.2018 20:58
_DSC0011_resize

Младата екипа на Металург 2, која во продолжението на сезоната настапува без своите најдобри ракометари, кои преминаа во Металург, во претпоследното коло од регуларниот дел му гостуваше на тимот на Тинекс Пролет, екипа која веќе обезбеди настап во плејоф-фазата во македонското првенство.

Иако во овој натпревар влеговме како аутсајдери, од него излеговме како екипа која може да жали за пропуштената шанса да се освојат бодови, бидејќи во најголем дел од средбата бевме подобрата екипа и имавме целосна контрола врз резултатот.

Првото полувреме го одигравме како по ноти. Водевме со 0:3, потоа и со 1:6, а во три наврати имавме и предност од цели 6 гола. Сепак, до крајот на првите 30 минути домашната екипа се поврати од почетниот шок и успеа малку да ја намали нашата предност, па на одмор заминавме со позитива од само 4 гола, 9:13.

Второто полувреме донесе промена. Тинекс Пролет заигра многу поцврсто, па по десетина минути успеа да го израмни резултатот, 18:18. Металург 2 не се предаде и во следните минути успеа повторно да ја врати предноста и повторно стекна вишок од 3 гола, 19:22. Но, веќе се чувствуваше дека младите металурзи полека ја губат свежината и се потешко им одолеваат на нападите на домашниот тим. Тинекс Пролет поведе дури во 57. минута, најпрво со 25:24, а потоа и со 27:25. Металург во последната минута преку Гошевски постигна гол, а потоа имаше цели 20 секунди да го израмни резултатот. Нашите момци имаа идеална ситуација, бидејќи последните секунди ги одиграа со дури двајца ракометари повеќе, а создадоа и идеална шанса од позиција десно крило. За жал, Костески не погоди, па Тинекс Пролет успеа да ги освои сите три бода.

.

Тинекс Пролет – Металург 2  27:26 (9:13)

Тинекс Пролет: Кимевски, Коруновски, Кристо, Ф. Василевски 3, Аларов 1, Давитковски, Мајнов 3, А. Василевски 2, Ролевски 2, Гроздановски 1, Трајковски, Андоновски 9, Џонов 1, Стојановски и Манасков 5.   Седмерци: 5/7.   Исклучувања: 14 мин.

Металург 2: Василевски, Богдановски, Смилевски 2, Гошевски 9, Савковиќ, Божиновски, Додиќ 1, Лембанов 2, Младеновиќ 2, Гајиќ 4, Тодоров, Кондев, Митиќ 4, Ристовски, Костески и Кофиловски 2.   Седмерци: 5/5.    Исклучувања: 8 мин.

Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје.

Делегат: Драган Начевски од Скопје.

Прочитано 552 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 1 = 7