Топ Вести

Трансфер-информации од Металург

21.06.2017 17:36
sala_9publika_resize

Во изминатите неколку дена беше доста “живо“ во службените просторЀи на нашиот клуб. Неколку наши ракометари ги продолжија своите договори, добивме нови засилувања, но некои и го напуштија Металург.

Со задоволство сакаме да ја информираме јавноста дека нов двогодишен договор потпиша репрезентативниот пикер Жарко Пешевски, кој целата своја досегашна кариера ја мина во нашиот клуб. Нови едногодишни договори потпишаа голманот Дарко Арсиќ, десното крило Александар Гуглета и левото крило Вања Илиќ.

Повратник во Металург е Дарко Димитриевски, кој игра на позиција среден и лев бек и кој во Металург се врати од екипата на Борец. Димитриевски потпиша едногодишен договор со нашиот клуб. Во Металург се врати и голманот Никола Даниловски, кој беше позајмен во Пелистер и кој има активен договор со Металург.

Нов ракометар на Металург е и Јануш Лапајне, кој игра на позиција лев бек, но кој може да настапи и на централната бековска позиција. Лапајне (22 г., 193 см, 93 кг), кој претходно настапувал за екипите на Ајдовчина и на Урбанскапе од Шкофја Лока, во Металург доаѓа од редовите на европскиот вицешампион Пари Сен Жермен, а со нашиот клуб потпиша двегодишен договор.

Во наредниот период договори со Металург ќе потпишат уште најмалку тројца нови ракометари, за што дополнително ќе информираме.

Во изминатиот период неколку ракометари ги напуштија нашите редови. Официјално, соработката е прекината со Мартин Марчец, Амин Јусефинеџад, Немања Младеновиќ, Горан Печенковски и со Предраг Вејин.

Прочитано 7.474 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + = 10