Топ Вести

ТРАНСФЕРИ: ДОБАР ПАЗАР НА ЕКИПАТА НА ФЛЕНСБУРГ

05.05.2015 15:27
ef6ae22d2f_resize

za tekst

Екипата на Фленсбург денеска ги засили своите редови со двајца одлични ракометари, средниот бек Размус Лауге и пикерот Хенрик Тофт Хансен. Двајцата се стандардни репрезентативци на Данска.

Размус Лауге (23), по две години минати во Кил, спогодбено го раскина договорот со германскиот шампион и потпиша за тимот на Фленсбург.

Истото го стори и Хенрик Тофт Хансен (29), кому му истече договорот со Хамбург, а кој некое време беше споменуван и како следен ракометар на Вардар.

Лауге и Тофт Хансен потпишаа тригодишни договори со управата на Фленсбург.

Освен со Лауге и со Тофт Хансен, Фленсбург за следната сезона се засили и со Петар Џорџиќ (Хамбург), а го продолжи договорот и со Михаел Николајсен.

Прочитано 2.514 пати

(1) Коментар

  1. A ke ima pazar za metalurg?

Напишете коментар


− 3 = 4