Топ Вести

Убедлив пораз на Металург 2

07.12.2017 20:14
_DSC0043_resize

Металург 2 вечерва во Автокоманда доживеа убедлив пораз од екипата на Еурофарм Работник, која не совлада со резултат 35:22 (17:8).

Видовме едно  од послабите издание на Металург 2, кој не најде начин посериозно да му се спротивстави на амбициозниот состав од Битола.

Овој натпревар беше помалку или повеќе рамноправен само во првата половина од првото полувреме, во која Работник водеше, но Металург успеваше да држи чекор зад резултатот на противникот. Така беше се до резултат 6:6, а потоа Работник направи серија од 4:0 и успеа да создаде предност која до крајот на полувремето достигна цели 9 гола разлика, 17:8.

Второто полувреме само ја потврди победата на гостинскиот тим, кој овој период го доби со резултат 18:14.

Во составот на Металург 2 најпрецизен беше Шилегов, со 4 постигнати гола, пред Серафимов со 3. Кај Еурофарм Работник најдобри беа поранешните ракометари на Металург Ојлески (7), Дрогришки (7) и Мојсоски (5).

.

Металург 2 – Еурофарм Работник  22:35 (8:17)

Металург 2: Даниловски, Томовски, Димитриоски 2, Гошевски, Божиновски, Серафимов 3, Арсеновски 1, Лембанов, Младеновиќ 1, Гајиќ, Мелоски 2, Кондев 2, Митиќ 2, Танкоски 3, Ристовски 2 и Шилегов 4.    Седмерци: 1/3.   Исклучувања: 2 минути.

Еурофарм Работник: Ојлески 7, Трајковски 6, Петровски, Пецаковски, Талевски, Чурлевски, Ивановски, Мојсоски, 5, Мемиќ, Умовист, Кукоски, Крстевски 1, Дрогришки 7, Граџан 5 и Мскхвилидзе 4.    Седмерци: 4/5.   Исклучувања: 6 минути.

Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје.

Делегат: Драги Папуџиев од Скопје.

Прочитано 333 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + 4 =