Топ Вести

Убедлив пораз на пионерите на Металург 1

10.03.2018 13:10
22766326_819758518186157_87591473_o-610x407

Во средба од 6. коло на пионерската лига на Македонија, група 2, пионерите на Металург 1, второпласирани во групата, се сретнаа со големиот фаворит на лигата, првопласираната екипа на Аеродром, која не знае за пораз во досегашниот тек на првенството. Аеродром беше подобриот тим и на оваа средба и ги совлада нашите пионери со убедливи 19:30 (6:15).

Гостинската екипа од самиот почеток наметна силно темпо и многу брзо стекна опиплива предност, која до крајот на првото полувреме изнесуваше цели 9 голови, 6:15.

За разлика од првото, второто полувреме мина во рамноправна игра, иако и овој период им припадна на гостите, но со минимални 13:15.

По шест одиграни кола, Металург 1 има три победи и исто толку порази.

.

РК Металург 1 – РК Аеродром  19:30 (6:15)

РК Металург 1: Апостолидис, Петровиќ, Тотиќ 1, Крстовски, А.Ангеловски 1, Тасески 1, Гилев 2, Стојановски 2, Брестовац, Грујевски, Ангелески, Петковски 4, Н.Ангеловски, Василевски, Јазаџиев 2 и Димковски 6.    Седмерци: 3/8.   Исклучувања: 4 минути.

РК Аеродром: Трајчевски, Ивановски 3, Спасовски, Николиќ 1, Дупљак 2, Николовски, Шумовски 4, Стевановски 2, Митев 5, Киселовски 5, Павличковски, Ковачев, Станојевиќ 3, Кочиев 2, Стојчевиќ 3 и Лалов.   Седмерци: 4/4.   Исклучувања: 10 минути.

Судии: Дичоски Бојан и Василевски Ѓорги од Скопје.

Делегат: Костенчев Стево од Скопје.

Прочитано 436 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − = 3