Топ Вести

УТРЕ ГО ИГРАМЕ РЕШАВАЧКИОТ НАТПРЕВАР ВО ПРВЕНСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА

26.05.2015 18:57
Metalurg-Zomimak-2_resize

za tekst

Металург утре ја игра решавачката средба во првенството на Македонија.

Во Струмица и гостуваме на екипата на Зомимак, со која треба да го решиме прашањето која екипа ќе заврши на второто место на табелата. Металург заминува со предност од еден гол, стекната на средбата во Автокоманда, но во Струмица не одиме за да го браниме резултатот, туку за да докажеме дека сме подобар тим.

Утрешната средба се игра со почеток во 19 часот, во малата сала на училиштето “Димитар Влахов“, со капацитет од само 400 места.

Судии на средбата ќе бидат Ѓорги Начевски и Славе Николов од Скопје, додека делегати ќе бидат Металари Камер и Камишевски Душко, исто така од Скопје.

Металург во Струмица ќе биде бодрен и од група на свои верни навивачи од навивачката група “Пирати“, кои ќе допатуваат со еден автобус.

Прочитано 1.734 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + 1 =