Топ Вести

Вардар е освојувач на првиот Супер-куп на Македонија

12.09.2017 19:35
vardar-povtorno-za-istorija-pobednik-na-prviot-super-kup-na-makedonija-13750

Во премиерното издание на ракометниот Супер-куп на Македонија, екипата на Вардар го порази тимот на Еурофарм Работник, со резултат 30:25 (19:12).

Иако резултатската разлика не е голема, Вардар беше тимот што ја имаше комплетната контролата врз натпреварот и во ниту еден момент не му дозволи на противникот да се понадева на некаков успех.

Еурофарм Работник на Супер-купот настапи како финалист во Куп-натпреварувањето.

Kај Вардар најефикасни, со по четири гола, беа Шишкарев, Канелјас и Кристопанс, додека прв стрелец на Работник, воедно и на натпреварот беше Ојлевски со осум постигнати погодоци, пред Чурлевски и Мајнов со по пет гола.

Прочитано 77 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + 5 =